Манчестер сити ќе го доведе слободниот Дани Алвес?

Даниел Алвес, капитенот на бразилската репрезентација, покажа дека уште може да игра на врвно ниво. Алвес ги предводеше Кариоките до титулата на Копа Америка, а токму тој беше прогласен за најкорисен играч на шампионатот. За ветеранот ова беше 40-та титула во кариерата, нешто што досега никогаш не му успеало на ниту еден друг фудбалер. Едноставно, нема потрофеен играч од него.

Алвес моментно е слободен играч и чека добра понуда за тоа каде би можело да ја продолжи кариерата. Бразилецот си замина од Пари Сен Жермен, а според пишувањата, негов следен клуб може да биде Манчестер сити. Англискиот првак сигурно ќе има корист од толку искусен и трофеен фудбалер.

Дополнителна предност е тоа што Алвес одлично се познава со менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, со кого заедно работеа во Барселона. Минатата сезона, бекот одигра 34 меча и даде три гола за ПСЖ. Сити нема да треба да даде ни едно евро за да го купи Алвес, а единствено останува само да ги договорат личните услови за да биде комплетиран трансферот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести