Манчестер сити ќе постави статуа на Давид Силва пред стадионот „Етихад“

Претседателот на Манчестер сити, Калдон Ал Мубарак, откри дека клубот планира да постави статуа со ликот на Давид Силва пред стадионот „Етихад“, со што ќе му се заблагодарат на Шпанецот за придонесот кој го даде за нив во претходните десет години.

Силва си заминува од Сити, за него интерес има од Лацио и од некои арапски клубови. Освен статуа пред стадионот на Сити, Ал Мубарак рече и дека теренот на кого тренираа децата од фудбалската академија на клубот ќе има мозаик посветен на популарниот Ел Маго.

Сити ваква статуа ќе му постави и на Винсан Компани, кој исто така долго време беше член на клубот и придонесе за негов развој.

- Оглас -

Најнови вести