Манчестер сити на 13 јули ќе ја дознае судбината

Шампионот на Англија од минтата сезона, Манчестер сити, на 13 јули ќе дознае дали ќе остане забраната за настап во Лигата на шампионите во следните две сезони. Граѓаните минатиот месец беа на сослушување во Швајцарија, каде што апелираа до Судот за спортска арбитража за забраната која ја добија од УЕФА, па за околу две недели ќе дознаат дали таа важи.

Сити ги прекрши правилата на финансикиот ферплеј, па со суспензијата од две години доби и парична казна од 30 милиони евра. Доколку Судот ја задржи казната, Граѓаните во наредните две сезони ќе немаат право на настап во Лигата на шампионите, па дури и ако оваа сезона го освојат престижниот пехар во најелитното меѓународно натпреварување.

Претставниците на клубот се надеваат дека ќе успеат барем да ја намалат казната на една сезона, во случај да не може комплетно да ја отстранат.

- Оглас -

Најнови вести