Манчестер сити не ги коцка шансите за титула

Кристал Палас – Евертон (Сабота, 16 часот)

И двете екипи одиграа одлично во минатото коло и победија фаворити. Евертон го декласира Манчестер јунајтед, а Палас го доби лондонското дерби со Арсенал, па сега и двете екипи ќе имаат мотиви да ги потврдат успесите.

Интересна е традицијата во меѓусебните дуели меѓу овие две екипи кога се игра во Лондон. Шестпати Кристал Палас бил домаќин и никогаш не го победил Евертон.

За се има првпат, па очекувам овојпат домаќините да го пробијат мразот и да ги освојат бодовите во ефикасен меч.

Предлог тип: 1&3+ (4.50)

 

Ватфорд – Вулверхемптон (Сабота, 16 часот)

Ова ќе биде реприза на екстра возбудливиот полуфинален меч од ФА купот. Ватфорд успеа да победи со голем пресврт и потоа и да обезбеди финале за пехарот со Манчестер сити.

И сега повторно очекувам да биде интересно во битката за седмото место во Премиерлигата. Проблем за домашниот тим ќе биде отсуството на најдобриот напаѓач Трој Дини. Вулверхемптон игра одличен фудбал сезонава ќе сака да се реваншира за неуспехот во ФА купот, а мислам дека е најдобро да се типува на голови.

Предлог тип: 2-3 гола (1.96)

 

Брајтон – Њукасл (Сабота, 18.30 часот)

Многу поголеми мотиви за победа имаат домаќините, се борат за опстанок, но и не играат добро во финишот на сезоната.

Шест меча се без победа, што ги одведе на работ на амбисот. Њукасл нема такви проблеми, Рафа Бенитес успеа да го доведе клубот во мирните води, а очекувам денеска да одиграат добар меч.

Во Англија нема пардон, па ќе типувам дека тимот во подобра форма ќе ги освои бодовите.

Предлог тип: 2 (3.20)

 

Лестер – Арсенал (Недела, 13 часот)

Трите последни дуели на овие две екипи беа многу интересни и ефикасни, па можно е повторно на „Кинг Пауер“ да има доста голови.

Како игра Арсенал во последно време, Лигата на шампионите може да остане само пуста желба, но сега очекувам топчиите да ја прекинат серијата од порази на гостински терен.

Промашија два зицери за да си обезбедат настап во Лигата на шампионите, па ќе бараат трета среќа и победа против Лестер.

Предлог тип: 2 (2.60)

 

Барнли – Манчестер сити (Недела, 15.05 часот)

Шампионот ја заврши најголемата работа во битката за одбрана на титулата со победата против градскиот ривал Манчестер јунајтед, но во Англија секое опуштање и потценување се казнува.

И што е најинтересно на последното гостување на „Турф Мур“ Сити не успеа да победи. Сепак вкупно во дуелите со Барнли шампионот е убедлив, има две победи по ред од по 5:0, што ја покажува разликата во класа.

Гостите имаат огромен број на квалитетни фудбалери, веројатно можат да состават два еднакво квалитетни тима, па очекувам да победат во меч со најмалку три гола.

Предлог тип: 2&3+ (1.43)

 

 

- Оглас -

Најнови вести