Англискиот првак Манчестер сити би можело да биде исфрлен од Лигата на шампионите за следната сезона, тврди угледниот американски весник „Њујорк тајмс“.
Американците се повикуваат на информамции дека истражителите на УЕФА им упатиле барање на претпоставените да им забранат учество на „граѓаните“ во ЛШ поради наведување на погрешна трага на финансиските ревизори и свесно кршење на правилото за финансиски фер плеј. Наводно, Сити ги заобиколувал правилата кога е во прашање соработката со спонзорите поврзани со сопствениците на клубот.
Клубот е осомничен дека добивал финансиски инјекции од инвеститорски компании зад кои стојат Обединетите Арапски Емирати како држава.
Дали УЕФА ќе му забрани учество на Сити во следната сезона, останува да се види. Проблеми со финансискиот фер плеј имаше и Милан, кој беше суспендиран, но го доби спорот на Спортскиот арбитражен суд, па сега е под условна казна.
Коментарите се затворени.