Манчестер сити плати 45 милиони евра за играч кој испадна од Премиер лигата

Екипата на Манчестер сити го договори трансферот на стоперот од Борнмут, Натан Аке. Се работи за искусен 25-годишен дефанзивец кој има и 13 настапи за холандската репрезентација. Аке минатата сезона беше еден од најдобрите во тимот на Борнмут, но, за жал, не успеа да му помогне на клубот да се спаси од испаѓање од елитната англиска лига.

Челниците на Граѓаните не жалеа пари и платија 45 милиони евра за да го доведат Аке во своите редови. Холанѓанецот има доволно искуство во Премиер лигата затоа што ги има носено дресовите на Челзи, Рединг, Ватфорд и, секако, Борнмут.

Пред да дојде во Англија, Аке во младинските денови има играно за Ден Хаг, од каде што во 2007 година замина во Феенорд. Во Феенорд остана до 2011 година, кога направи трансфер во Челзи и таму беше дел до 2017 година. Во лондонскиот клуб ги имаше и првите настапи во сениорска конкуренција, а веќе има повеќе од 100 настапи во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести