Манчестер сити прими гол во 20-тата секунда, само една легенда им даде побрз гол (Видео)

Џон Мекин беше експресно брз и му даде гол на Манчестер сити во 20-тата секунда, што е втор најбрз гол што популарните Граѓани го примиле откако од 1992 година се игра Премиер лигата.

https://twitter.com/Utdlnterest/status/1384949983338766336?s=20

Побрз од Мекин со гол во мрежата на Манчестер сити беше само легендарниот Алан Ширер, кој беше прецизен само по 10 секунди за Њукасл во јануари 2003 година.

Сепак, шокот по експресниот гол на Мекин, вечерва за Астон вила не ги нокаутира лидерите во Премиер лигата, па со головите на Фоден и на Родри, Манчестер сити направи комплетен пресврт уште во првото полувреме и води со 2:1.

Проблем за водечката екипа во англиското првенство е што ќе го игра второто полувреме со играч помалку, по исклучувањето на Стоунс во 44-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести