Манчестер сити се вмеша во трката за второто место, Лестер пациент на „неговите“

Манчестер сити го совлада Лестер со 3-1 и му се доближи на еден бод во трката за втората позиција во Премиерлигата. Лисиците подобро отворија и поведоа со гол на Варди (негов петти против Сити), но уште пред крајот на првото полувреме имаше пресврт и водство на Граѓаните. Едниот гол го даде Ријад Марез, кој е петти играч кој некогаш настапувал за Лестер, а потоа постигнал гол против тој клуб.

Габриел Жезус за првпат после март постигна гол на „Етихад“, и прекина црна низа од 12 меча без даден гол на домашен терен. Лестер 20 години немаше загубено на гостување кај актуелен првак, но на таа серија и дојде крајот. Рахим Стерлинг со 17 изнудени пенали е рекордер во Премиерлигата откако тој дебитираше во англиската елита.

- Оглас -

Најнови вести