Заминувањата на Џек Грилиш, Џејмс Мекати и Савињо прават простор за Манчестер сити на трансфер-пазарот да купи еден крилен напаѓач, а познатиот новинар и трансфер гуру, Фабрицио Романо, тврди дека Граѓаните размислуваат за потпишување на Родриго од Реал Мадрид.
Менаџерот Пеп Гвардиола е голем фан на Бразилецот и одамна го посакува во својот тим. Родриго е во втор план во Реал зад Мбапе и Винисиус и можеби ќе го промени своето мислење дека сака да остане по секоја цена.
Родриго засега одбива да си замине од Реал Мадрид, сака да се бори за место во тимот, а ако на крајот сепак летово побара да си оди, Кралскиот клуб би го пуштил за отштета од близу 100 милиони евра.