Манчестер сити во 12 секунда поведе против Јунајтед во финалето на ФА Купот! (Видео)

На Манчестер сити му беа потребни неверојатни само 12 секунди за да поведе со 1:0 против градскиот ривал Јунајтед, во финалето на ФА Купот.

На стадионот „Вембли“, Сити го имаше почетниот удар, а по едно долго додавање на голманот Ортега, топката стигна до Кевин де Брујне, кој со глава додаде до Илкај Гундоган, а овој со прекрасен шут од далечина го матираше Давид де Хеа.

Ова е најбрзиот погодок постигнат во историјата на финалињата во ФА купот.

Целата акција од почетокот на мечот до постигнување на голот може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести