Личи на познатиот англиски хумор – Манчестер сити жали што му го продаде Зинченко на Арсенал, сега сака да пазари лев бек од Топчиите

Малку и смешна е ситуацијата во која се најде Манчестер сити, клуб кој сака да го купи левиот бек на Арсенал, Кјеран Тирни, откако летово за сума од 35 милиони евра им го продаде на Топчиите својот лев бек Олександр Зинченко.

Актуелниот првак сега има дефицит од леви бекови и една од опциите е да го ангажира дефанзивецот на Арсенал.

Шкотскито репрезентативец Тирни дојде во Арсенал во 2019 година од Селтик и досега одигра 65 меча за Топчиите и постигна три гола.

Интересно во првото коло од новата сезона во Премиерлигата што се играше минатиот викенд, Зинченко беше стартер како лев бек за Арсенал против Кристал Палас, а Тирни го замени во 83. минута.

- Оглас -

Најнови вести