Манчини: Луксуз е да се биде селектор на оваа Италија

Италија прва се пласираше во нокаут фазата на ЕП откако издоминира во групата А со максимални 9 бода и гол-разлика 8-0. За противник во осминафиналето, Аѕурите ја добија Австрија, селекцијата која се соочи со Македонија во групата Ц.

На европска титула се чека од далечната 1968 година, а според тоа како игра тимот на Роберто Манчини, може да се потврди дека Италија атакува кон континенталниот пехар и се очекува да биде дел од завршницата на турнирот.

„Отприлика знам кои играчи ќе бидат во стартните 11, но оставам простор за промени до последен момент. Имаме многу квалитетни играчи кои може да ја направат разликата на теренот. Понекогаш ми е тешко кога морам да бидам, но факт е дека уживам луксус како ретко кој друг селектор. Сакаме да продолжиме со нашиот поход и се надевам дека до крајот ќе одиграме уште три натпревари покрај вечерашниот против Австрија“, истакна Манчини.

Познато е дека капитенот Џорџо Кјелини и десниот бек Алесандро Флоренци нема да му бидат на располагање на Манчини вечерва (21 часот), кои се повредени, но би требало да се вратат во составот доколку Италија обезбеди пласман во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести