Манчини мајсторски ги погоди замените, резервите Киеза и Песина ѝ донесоа четвртфинале на Италија (Видео)

Италија ќе игра во четвртфиналето на Европското првенство по победата од 2:1 против Австрија по две продолженија, откако во регуларниот дел мечот заврпи без голови.

Селекторот на Аѕурите, Роберто Манчини мајсторски ги погоди замените, а токму со головите на двете резерви, Федерико Киеза и Матео Песина во 95. и во 109. минута Италија го скрши отпорот на одличните Австријци.

https://twitter.com/FutLevi/status/1408896816645562368?s=20

 

Во регуларниот дел немаше голови и Италија и на 12-от меч по ред остана без примен гол, но Аѕурите сепак по 1.168 минути ја вадеа топката од мрежа по голот на Саша Калајџиќ во 114. минута.

Италија ја продолжи блескавата серија без пораз што сега е 31 меч, а рекордот е 35 натпревари без пораз.

Австрија постигна гол во 65. минута, но беше поништен поради офсајд, а потоа во дополнителното време прими два гола и е елиминирана во првиот меч што го игра во нокаут фаза во третото учество на Европските првенства.

Следен ривал на Италија, која нема пораз на турнирот и не прими ниту еден гол ќе биде победникот од осминафиналето меѓу Белгија и Португалија, меч што ќе се игра утре во Севилја.

 

- Оглас -

Најнови вести