Манчини: Можевме и требаше да победиме со повеќе голови

Роберто Манчини смета дека сосема заслужено неговата репрезентација се избори за пласман во полуфиналето, иако вели дека Италија требаше да победи со повеќе голови разлика по триумфот од 2-1 над Белгија во четвртфиналното дерби.

Аѕурите ја продолжија низата од 32 натпревари без пораз во сите натпреварувања со Манчини како селектор, па за пласман во големот финале ги чека класик против Шпанија и реприза во исчекување на финалето од ЕП 2012 година.

„Одличен настап на моите играчи, сосема заслужено славиме победа и пласман понатаму. Мечот беше доста отворен со шанси на двете страни, ние ги искористивме половично. Требаше и можевме да дадеме уште барем еден гол, но и овој резултат слатко го прифаќаме. Немавме поставено минимална цел, само сакаме да победуваме и да стигнеме што подалеку. Шпанија е следна, а се надевам дека на „Вембли“ ќе играме повеќе од еден меч“, истакна Манчини.

- Оглас -

Најнови вести