Манчини му дал поддршка на Џиџи, Донарума ќе брани против Македонија

Џанлуиџи Донарума ќе биде на голот на италијанската репрезентација на бараж-мечот со Македонија на 25 март во Палермо и покрај тоа што чуварот на мрежата на Аѕурите е во тешка психичка состојба по елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампионите.

Донарума направи голема грешка кога под притисок од Карим Бензема, имаше погрешно додавање и неколку секунди подоцна прими гол, момент кој го сврте текот на натпреварот и за 15-тина минути Донарума прими три гола, по кои неговиот тим беше елиминиран, иако до пред киксот имаше целосна контрола против Реал Мадрид.

Селекторот на Аѕурите, Роберто Манчини, телефонски му се јавил на Донарума за да му даде поддршка во овие тешки моменти и му потврдил дека сепак има доверба во него и ќе го стави меѓу стативите на баражот за СП кога Италија ќе ја нагости македонската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести