Манчини најави изненадување, дали Аѕурите си местат полесен противник во осминафиналето?

Италија досега покажа најсигурен настап со две убедливи победи од по 3-0 над Швајцарија и Турција, па пласманот во осминафиналето е осигуран и пред мечот против Велс во последното коло од групите.

Пред утрешниот меч против Велс, селекторот Роберто Манчини најави дека ќе изненадува со почетниот состав, што наговестува дека Аѕурите си прават пресметки да добијат послесен противник во првата руна од нокаут фазата.

„Одигравме два феноменални натпревари, поради тоа некои играчи чувствуваат замор. Не би сакале да ризикуваме пред нокаут фазата, па затоа за утре подготвуваме неколку изненадувања. Ова е идеална шанса да ги одмориме главните играчи, но треба да знаеме дека Велс е одлична селекција, па затоа оние кои ќе бидат на теренот треба да бидат максимално концентрирани цели 90 минути“, истакна Манчини.

Доколку Италијанците завршат како лидери во својата група, противник во осминафиналето ќе биде втората селекција од нашата група Ц, Австрија или Украина, а доколку тимот на Манчини биде втор, ќе се соочи со Русија, Финска или Данска од групата Б.

Италија има шест бода на чело на групата А, Велс има два помалку, еден бод е за Швајцарија додека Турците се последни без бодови.

- Оглас -

Најнови вести