Италијанскиот селектор Роберто Манчини, пред точно една година, на 11-ти јули 2021, беше еден од фудбалските и спортски херои во својата земја бидејќи го освои Европското првенство.
Италијанците веруваа дека се толку силни што може да станат и светски шампиони, но благодарение на поразот од Македонија во Палермо во март, Аѕурите не се ни пласираа на Мундијалот во Катар, па следната шанса ќе ја чекаат во 2026 година. Манчини и понатаму верува дека ќе ја освои и светската титула.
„Кога станав селектор, имав две цели: да станеме европски и светски прваци. Пред една година го освоив пехарот на ЕП, и си реков сега одам по титула на Мундијал. Мислев дека годинава можеме да бидеме светски шампиони, но тоа нема да се случи. И понатаму верувам дека Италија со мене како селектор, ќе стане светски шампион“ – изјави Манчини.