Манчини: Не знам како останав селектор по поразот од Македонија, не заслуживме да го пропуштиме Мундијалот!

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, и понатаму се чуди како останал на клупата на Аѕурите и покрај неуспехот во март против Македонија во баражот за Светското првенство во Катар.

Италија е актуелен европски првак, ќе игра на финалниот турнир во Лигата на нациите откако освои прво место во тешка група со Унгарија, Германија и Англија, но нема да игра на СП во Катар, а Италијанците ги немаше ни на претходниот Мундијал во 2018 во Русија.

Сега Манчини како цел си поставува светска титула на СП во Канада, САД и Мексико, кое ќе се игра во 2026 година, точно 20 години по последната светска титула на Италија.

„За да играме на СП, мора да почекаме уште четири години, но ќе се обидеме да се пласираме таму и да го освоиме првенството. Тоа е наша цел. Изминативе месеци една работа не ми излегува од глава, а тоа е зошто не сме на СП, не заслуживме да бидеме надвор од Мундијалот. Зошто останав по поразот од Македонија? Искрено, не знам. Во тој момент само сакав да свртам нова страница“, изјави Манчини.

- Оглас -

Најнови вести