Манчини објасни зошто си замина од селекторската клупа на Италија

Роберто Манчини вчера изненадувачки објави дека си заминува од селекторското место во италијанската фудбалска репрезентација. Цели пет години Манчини ја предводеше Италија, а најголем успех му е триумфот на Европското првенство пред две години.

По триумфот на ЕП, следуваше и најголемото разочарување за Манчини откако на домашен терен загуби од нашата Македонија во плејофот за пласман на Светското првенство во Катар. Манчини се споменува како најсериозен кандидат за нов селектор на Саудиска Арабија, а првпат и јавно објасни зошто си замина од Аѕурите.

„Оставката на селекторското место беше моја лична одлука. Би сакал да му се заблагодарам на Габриеле Гравина за довербата што ја имаше во мене, како и на сите членови на ФИГЦ. Ги поздравувам и им се заблагодарувам на сите фудбалери, како и на навивачите, кои даваа поддршка во изминативе пет години. Освојувањето на титулата на ЕП 2020 година секогаш ќе биде во моето срце. Ми беше чест“, напиша Манчини на социјалните мрежи.

Лучано Спалети и Антонио Конте се првите фаворити да го пополнат испразнетото селекторско место. Новиот селектор дебито ќе го има на гостински терен против Македонија.

- Оглас -

Најнови вести