Манчини револтиран: Свирежите за Донарума требаше да ги остават кога ќе играат Милан – ПСЖ

Џиџи Донарума беше исвиркуван од дел од домашната публика при секој контакт со топката. Навивачите на Милан не можат да му го простат начинот на којшто замина од клубот, каде што го покажа својот талент.

Ваквата глетка го разочара и селекторот на Италија, Роберто Манчини.

„Италија е Италија, а свирежите требаше да ги остават кога ќе играат Милан – ПСЖ, ама јас ништо не се прашувам во овој случај. Во секој случај, Италија треба да биде на прво место и кај фудбалерите и кај навивачите.

Лео Бонучи направи грешка која не треба да се случува на вакво ниво и не можевме да се држиме до темпото коешто го наметнаа кога останавме со играч помалку“, изјави Манчини.

Италијанците го чекаат поразениот од вечерашниот меч меѓу Белгија и Франција, во натпревар за третото место од Лигата на нациите, кој ќе се игра во недела од 15:00 часот.

- Оглас -

Најнови вести