Манчини се плаши дали Италија ќе го победи Лихтенштајн

Некогашниот европски и светски првак Италија вечерва во Парма ќе се обиде да стигне до втората победа по ред во квалификациите за Европско првенство 2020 година. „Аѕурите“ во првото коло со 2-0 ја победија Финска, а денешен нивен противник е Лихтенштајн. Италија е апсолутен фаворит, но селекторот Роберто Манчини не сака да биде претеран оптимист.

„Ако не влеземе со сериозен пристап од почетокот на мечот, може да стане и опасно. Видовте ли што се случи на мечот Бразил – Панама. Веќе нема лесни мечеви и секогаш мора да се биде максимално концентриран. Без разлика кој е противникот, пристапот кон секој меч мора да е ист“, предупредува Манчини.

Италија не успеа да се пласира на завршницата на Светското првенство во Русија, па сега европскиот гигант не би сакал да направи уште едно големо разочарување и да го пропушти и европскиот собир.

 

- Оглас -

Најнови вести