Манчини си ги заборавил очилата и не забележал дека Кјелини не е во составот

Селекторот на Италија Роберто Манчини, направил грешка при изборот за стартниот состав во пресрет на дуелот против Босна и Херцеговина, кој заврши со реми од 1-1.

Имено, Манчини го одобрил почетниот тим во кој недостасувал Џорџо Кјелини, а на негово место бил запишан Франческо Ачерби. Бидејќи селекторот во моментот ги немал очилата за читање, не ја приметил грешката и веќе било доцна да направи измени, па така Кјелини остана на клупата.

„Моја грешка е што Кјелини не играше. Ги немав очилата во моментот кога го одобрив составот и не видов дека Ачерби е ставен во првите 11. Го прашав Џорџо дали сака да игра сега или против Холандија, ми одговори дека сака да игра против БиХ, но сега ќе мора да го смениме планот. Не дека направивме голема грешка и ставивме голман на стоперската позиција, но сепак е грешка“, истакна Манчини.

Аѕурите за два дена гостуваат кај Лалињата во второто коло од Лигата на нациите, па Манчини овојпат ќе треба да биде попретпазлив и да не ја повтори грешката, затоа што против Холандија тоа може да го чини пораз.

- Оглас -

Најнови вести