Мане: Ако ја освоиме титулата, ќе ја посветиме на селекторот Сисе

Сенегал и Египет утревечер од 20 часот ќе ги одмерат силите во големото финале на Африканскиот куп на нации.

И двете селекции се предводени од големите ѕвезди на Ливерпул, Мохамед Салах (Египет) и Садио Мане (Сенегал) а сето тоа е добра најава за интересен фудбал.

Токму Мане се огласи пред ова финале и кажа дека доколку ја освојат титулата, тогаш таа ќе му ја посветат на селекторот Алиу Сисе.

„Тој е најкритикуваниот тренер во фудбалот во досегашната моја кариера. Се соочува со невидени притисоци и критики, но тој е тука, верува во себе и верува во групата.

И ние му веруваме, па затоа сме и во финалето. Тој ја заслужува оваа титула за да им ја затне устата на тие што зборат цело време против него“ изјави Мане.

За Сенегал ова ќе биде трет настап во финалињата на АФКОН и се надеваат дека утревечер ќе ја освојат првата титула во историјата на оваа фудбалска репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести