Мане е болен, го пропушта гостувањето во Париз?

Проблем за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, само еден ден пред тешкото гостување против ПСЖ. Садио Мане e болен, па неговиот настап на „Паркот на принцовите“ е неизвесен.

Сенегалецот најверојатно ќе патува со остатокот од тимот во Париз, но дури до последен момент ќе се одлучува дали тој може да игра против „светците“.

Ова е клучен дуел за двете екипи во петтото коло од групната фаза. Победа на Ливерпул во Париз ќе значи сигурен пласман во нокаут-фазата на избраниците на Клоп. Во групата Ц, Ливерпул и Наполи ја делат првата позиција со по шест бода, пет има ПСЖ, а четири бода има Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести