Мане не можеше да се изначуди, дури потоа сфати дека се работи за брат близнак на негов соиграч (Видео)

Садио Мане полека но сигурно се вклопи во тимот на Ал-Наср, а тоа се потврди и на последниот меч, кога неговиот тим победи со 5:0. Мане постигна два гола, а имаше и една асистенција за погодок на Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик.

Пред мечот против Ал-Фатех, кога играчите на двата тима се поздравуваа, Мане остана збунет, кога подаде рака на еден од противниците. Тоа беше Касем Лајами, брат близнак на Али Лајами, кој настапува во Ал-Наср и е соиграч на Мане.

Сенегалецот не знаеше дека Али има брат близнак кој е ист како него, па кога се поздрави со Касем, остана збунет и не можеше да верува дека неговиот соиграч го облекол дресот на противничката екипа.

https://twitter.com/i/status/1695136646226657409

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести