Мануел Нојер е новиот рекордер во ЛШ, го мина легендарниот голман на Реал Мадрид

Баерн Минхен го победи Арсенал со 1-0 и обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. На голот на Баварците беше 38-годишниот Мануел Нојер, а кога заврши мечот, освен пласманот во полуфиналето, се славеше и новиот рекорд на германскиот голман.

За Мануел Нојер тоа беше 58-ми натпревар во Лигата на шампионите на кој не прими гол, со што ја мина легендата на Реал Мадрид, Икер Касиљас, кој застана на 57 „чисти мрежи“. На третото место останува Италијанецот Џанлуиџи Буфон.

Голманот во својата кариера бранеше само за Шалке и Баерн Минхен, а на голот на Баварците е од 2011 година. Нојер со Баерн двапати ја освои Лигата на шампионите, во 2013 и во 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести