Марадона има играно и дадено гол за Гранада, и тоа кога беше најдобар на светот (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, само еднаш во животот има играно во ист тим со неговите двајца браќа, а тоа се случи во ноември 1987 година, и тоа во дресот на Гранада, тимот кој барем до вечерва ќе биде лидер на табелата во шпанскиот шампионат.

Гранада од 1973 година не била прва на табелата во шпанската Примера, но клубот не е „дрво без корен“. Во 1987 година, кога беше најдобар фудбалер на светот и член на италијанскиот Наполи, Марадона заигра неколку минути за Гранада и успеа да даде гол од слободен удар. Тоа се случи на пријателски меч против Малме, кој Гранада го доби со 3-2.

Едниот брат на Диего, Раул, потпиша за Гранада, а во договорот имаше точка дека мора на еден меч покрај Раул, за Гранада да заиграат и другите двајца браќа Диего и Хуго, па ова е единствениот меч на кој во ист тим заиграа тројцата браќа Марадона.

Марадона носеше дрес со бројот 9, а на дресот немаше клупско обележје на Гранада, но ги имаше црвено-белите линии. Погледнете како изгледаше настапот на Марадона и голот против Малме:

- Оглас -

Најнови вести