Маратонски преговори со Пепе – За три часа Наполи не успеа да го убеди напаѓачот

Николас Пепе е во Неапол, но првичните разговори не донесоа договор меѓу него и Наполи за трансфер на 24-годишниот напаѓач.

Лил е подготвен да го пушти репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска во Наполи, но личните услови на Пепе за евентуална преселба на „Сан Паоло“ засега се превисоки.

Преговорите траеле над 3 часа, а Лил бара 80 милиони евра отштета за играчот што лани одигра прекрасна сезона и постигна 23 гола, гарнирани со 14 асистенции на 41 меч во сите конкуренции.

Сепак, трансферот на Пепе во Наполи не е комплетно пропаднат и останува нова рунда на преговори со цел вицешампинот да се засили со опасниот шпиц на Лил.

- Оглас -

Најнови вести