Марез: Ливерпул нè мрази, поради нас не освојуваат повеќе трофеи!

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, крилото Ријад Марез, е еден од најзаслужните за четвртата премиерлигашка титула на Граѓаните во последните пет сезони, а во налетот на емоции, веднаш после победата со пресврт од 3-2 над Астон Вила која значеше титула за Сити, Алжирецот го „чепна“ и ривалот Ливерпул.

„Ливерпул е луд, неверојатен тим. Знам дека нè мразат. Многу ни се лути, бидејќи ако не постоевме, тие ќе ги освојуваа сите трофеи секоја година. Ние никогаш нема да го испуштиме своето, ние сме тука на шампионскиот подиум, а ќе бидеме и следната година“ – изјави Марез.

- Оглас -

Најнови вести