Марино е среќен: Завршивме голема работа со ангажман на Несторовски

Удинезе го потврди трансферот на Илија Несторовски, а македонскиот репрезентативец повторно ќе игра во Серија А и тоа во новиот „црно-бел“ дрес со бројот 30. Потпиша тригодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона.

„Несторовски беше упорен исто како и ние да биде наш член и покрај неколку понуди што ги имаше од други клубови. Добивме одличен играч и стрелец што се докажа на многу фронтови, меѓу нив и во Серија А. Среќни сме што ни се приклучи“, изјави Пјерпаоло Марино.

Договорот беше постигнат уште пред извесно време, а денеска и фоцијално е потврден и на клупската страница на Удинезе.

Несторовски играше во Серија А за Палермо, а сега повторно се враќа во Калчото и пвоторно ќе игра против најдобрите дефанзивци на Чизмата.

- Оглас -

Најнови вести