Маркез го освои и Тајланд, сега е на чекор од одбрана на титулата

Марк Маркез е на чекор од одбрана на светската шампионска титула во МотоГП, откако утринава ја освои и Големата награда на Тајланд. Шпанецот повторно беше во директен дуел со Андреа Довициозо, со кого водеа битка за првата позиција буквално до последните неколку свиоци.

Исто како и на последната трка која се одржа во Шпанија, Маркез и Довициозо константно се претекнуваа, па победникот се одлучуваше во последниот круг, кога Маркез на неколку свиоци пред крајот го претекна Италијанецот за да стигне до нова, многу важна победа. На подиумот како трето пласиран се искачи Маверик Вилјанес.

До крајот на шампионатот остануваат уште летири трки, следната е за две недели во Јапонија, трка на која Маркез ќе има можност да ја одбрани светската титула. Во генералниот пласман, Mаркез има 271 бода, 77 повеќе од Довициозо, кој има 194 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести