Маркус Турам го чека жестока казна за крајно простачкиот гест (Видео)

Плукање на противнички фудбалер е една од работите кои мора да се искоренат во фудбалот, па затоа и казните за ваква постапка се ригрозни, а тоа го чека и Маркус Турам. Французинот кој игра за Борусија Менхенгладбах денеска на мечот со Хофенхајм го плукна в лице Штефан Пош, по што беше исклучен.

Дисциплинската комисија на германската фудбалска федерација нема да има милост и сигурно ќе му изрече подолга суспензија и висока парична казна. Прво, бидејќи Турам постапи невоспитано и крајно неспортски, а второ, бидејќи плукањето во време на пандемија на коронавирус е прекршување на строгите протоколи.

- Оглас -

Најнови вести