Мароканецот Хакими е роден во Мадрид, но не сакал да игра за Шпанија

Дефанзивецот на фудбалската репрезентација на Мароко, Ашраф Хакими, на медиумите им откри дека иако е роден во Мадрид, одбил да го облече дресот на шпанската репрезентација.

Хакими, кој настапува за ПСЖ, изјави дека било разговарано со луѓе од Фудбалската федерација на Шпанија за да го облече дресот на Фуријата, но пропаднала оваа идеја бидејќи не се чувствувал како дома.

„Да, имаше разговори и бев на располагање и на шпанската репрезентација. Останав во кампот неколку дена и сфатив дека тоа не е вистинското место за мене бидејќи не се чувствувам како дома. Одбив да настапувам за Шпанија поради моите чувства, тоа не беше она што го гледав дома, што е дел од мароканската култура. Сакав да играм за Мароко“, изјави Хакими за шпанската „Марка“.

Хакими утре го очекува осминафинален дуел против несудените соиграчи.

„Репрезентацијата на Шпанија е меѓу петте најсилни репрезентации на ова Светско првенство. Иако играме против нив, но ние сме самоуверени. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра и да победиме. Го освоивме првото место во групата, мислам дека веќе заслуживме одредена почит. Сигурен сум дека Шпанија го разбира тоа и малку се плаши од нас. Но, треба повеќе да се плашат од нас“, додава Хакими.

Натпреварот меѓу Мароко и Шпанија ќе се игра утре од 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести