Мароканецот се појави во Москва и предизвика лавина од негативни коментари (Фото)

Репрезентативецот на Мароко и фудбалер на Челзи, Хаким Зијех, изненадувачки се појави на егзибициски натпревар во Москва и предизвика голем број негативни коментари на социјалните мрежи.

Зијех се појави на „Откритие Арената“ во Москва, каде што ревијален натпревар играа Спартак Москва и неговите навивачи. Мароканецот направи неколку фотографии, а како што изјави, дошол да го посети својот пријател Квинси Промес.

Реакциите се за посетата на Русија, која е под санкции и суспензија на УЕФА и ФИФА, но и за дружбата со контроверзниот Промес, кој во Холандија е баран со потерница за наводен шверц на 1363 килограми кокаин. Промес за себе вели дека има „руско срце“ и веќе и официјално има поднесено барање за руско државјанство за да избегне апсење во Холандија.

Интересно, Хаким Зијех во Челзи ја дели соблекувалната со украинскиот репрезентативец Микаил Мудрик и се очекува неговата реакција за овој настан, но можеби во иднина и нема да биде така бидејќи сè погласни се шпекулациите дека Мароканецот ќе си замине од „Стемфорд бриџ“.

- Оглас -

Најнови вести