Мароканската ѕвезда на Интер пред потпис со ПСЖ

Ашраф Хакими, десниот бек на Интер, е најблиску до трансфер во ПСЖ, известуваат италијанските медиуми. Двата клуба наводно се договорија на сума од 60 милиони евра за ангажманот на мароканскиот бек, иако претходно италијанскиот првак бараше отштета до 80 милиони евра.

Според шпекулациите, Хакими веќе прифатил да се пресели на „Паркот на принцовите“ штом се отвори летниот преоден рок, а во меѓувреме се чека конечен благослов од таборот на Интер. Клубот мора да заработи околу 100 милиони евра од продажба на играчи, па иако Хакими беше еден од најдобрите во шампионската сезона, Интер нема избор и мора да продава.

За неговите услуги се интересираат Баерн Минхен и Челзи, меѓутоа ПСЖ по сите изгледи ќе ја добие битката за потписот на Хакими, кој зад себе остави фантастична сезона во која забележа седум гола и 10 асистенции во 37 лигашки настапи за Нероаѕурите.

- Оглас -

Најнови вести