Мартин Мирчевски е во топ-форма, денеска даде нови два гола

Македонскиот напаѓач Мартин Мирчевски, кој игра за српскиот тим ТСЦ Бачка Топола, викендов даде гол против белградскиот Партизан, а дека е во форма, потврди и денеска со двата погодоци во Купот на Србија.

ТСВ го победи Железничар Панчево со 2-0, а стрелец на двата гола беше некогашниот напаѓач на Академија Пандев.

И покрај добрата форма, Мирчевски го нема на списокот на репрезентацијата на Македонија за пријателските мечеви со Финска и Азербејџан.

- Оглас -

Најнови вести