Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин славеше на трката за Големата награда на Германија која се возеде во Сахсеринг во Мото ГП шампионатот.
Тој до победата дојде откако во последните кругови успеа да ги одбие нападите на шампионот Франческо Бањаја кој вози за Дукати. Токму овие двајца возачи за време на целата трка се менуваа во водство. На влезот од послениот круг дојде до контакт меѓу двајцата мотоциклисти, со што Бањаја загуби драгоцено време.
На крајот Мартин славеше со 0.064 секунди пред Бањаја, додека последното место му припадна на Јоан Зарко. По триумфот во Германија, Мартин има 144 бода, 16 помалку од лидерот Бањаја, додека третопласиран е Марко Беѕеки од ВР46 со 126 освоени бодови.