МАШИНЕРИЈА: Баерн има 23 триумфи во низа, а знаете ли кога последен пат не победил!?

Баерн Минхен на најдобар можен начин стартуваше во новата сезона од Бундеслигата, откако на свој терен со 8:0 го растури Шалке 04. Баварскиот гигант немаше милост кон противникот и стигна до најубедливата победа во меч со кој започнало едно првенство во Германија.

Серж Гнабри постигна хет-трик, а Роберт Левандовски постави нов рекорд. Полјакот даде гол против Шалке и стана првиот играч во историјата на Бундеслигата кој против ист ривал дава гол на последните 10 меча.

Баерн покажа дека паузата по завршување на Лигата на шампиони не остави трага, туку дека играчите се уште поподготвени. Германската машинерија е како казнена експедиција. Ова е 23-та победа по ред за Баерн во сите натпреварувања.

Последен пат кога Баерн не победи е 9 февруари и тоа откако во првенството одигра 0:0 во дуелот против Лајпциг на „Алијанц Арена“. Во последните 32 меча, Баерн има 31 победа и тоа реми против Лајпциг. Последниот пораз на официјален меч е од Борусија Менхенгладбах и тоа на 7 декември минатата година кога баварците беа поразени со 2:1.

Едноставно неверојатни се бројките на Баерн кој е тим со тројна круна.

- Оглас -

Најнови вести