Маскотата на Сосиедад го изнасмеа Видал (видео)

Барселона вчера потфрли na гостувањето кај Реал Сосиедад да ја одржи победничката серија, па фудбалерите на Ернесто Валверде мораа да се задоволат само со бод при конечните 2-2. Но, ѕвездите на шпанскиот првак ќе ја паметат посетата на „Аноета“ по топлото гостопримство од маскотата на домашниот клуб.

Пријателски се поздрави со сите играчи на Барса, дури успеа да го расположи Артуро Видал. Маскотата на Сосиедад особено му обрна внимание на Антоан Гриезман, фудбалерот кој на фудбалската сцена се појави токму од академијата на баскискиот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести