По победата на Пари Сен Жермен над Арсенал и пласманот во финалето на Лигата на шампионите, улиците на Париз беа преплавени со пресреќни навивачи, но атмосферата брзо ескалираше во нереди. Тројца фанови се прегазени од автомобил, еден е во критична состојба, додека другите двајца се хоспитализирани.
Инцидентот се случил во близина на Шанзелизе, а 43 лица се уапсени поради нереди и судири со полицијата.
A presque 3h du matin, la police continue de disperser les supporters du #ParisSaintGermain présents sur les Champs-Elysées pour célébrer la qualification en finale de la Ligue des Champions. #PARARS pic.twitter.com/JPKJjWJ2zv
— CLPRESS / Agence de presse (@CLPRESSFR) May 8, 2025
Полицијата изјави дека се истражуваат околностите под кои се случила сообраќајната несреќа, додека полицискиот префект на Париз, Лоран Нунез, истакна дека и покрај мирниот почеток, мали групи го нарушиле редот со агресивно однесување и напади кон безбедносните сили.
Ова е второ финале на ПСЖ во историјата на Лигата на шампионите откако претходно оваа сезона ги елиминираа Ливерпул, Астон вила и Арсенал. Финалето е закажано за 31 мај во Минхен, противник е Интер, а претходно ПСЖ го очекува и финале во Купот на Франција против Ремс, како и неколку натпревари во Лига 1.