Матераци не се видел со Зидан од ударот во 2006 година

Некогашниот италијански репрезентативец, Марко Матераци, жали за инцидентот од финалето на Светското првенство во 2006 година помеѓу него и Французинот Зинедин Зидан.

Матераци разкажа детали за овој случај во интервју за британски „Тајмс“.

„Не сакам да мислам на тоа, бидејќи тоа не е одраз на целата моја кариера. Не требаше да се случи тој инцидент“, вели Матераци кој откри дека не се сретнал со Зидан после тој меч кој Италија го доби на пенали.

На почетокот на второто продолжение, Матераци го навредил Зидан, по што популарниот Зизу го удри Италијанецот со глава во градите. За овој удар Зидан доби црвен картон.

„Во жарот на борбата, има предизвици и навреди. Го повлеков за дрес, и Зидан ми го понуди дресот. Одбив и му реков дека помила ми е неговата сестра. Тогаш тој се сврте и реагираше така како што сите знаат. Од тогаш го немам видено“, раскажа Матераци.

- Оглас -

Најнови вести