Матераци по 18 години е подготвен да разговара со Зидан: „Оттогаш помина многу време“

Легендарната сцена од финалето на Светското првенство 2006 во Берлин, кога Зидан со глава го удри Матераци во гради и заработи исклучување, веќе стана полнолетна и од тогаш поминаа 18 години, а италијанецот тврди дека од тогаш никогаш повеќе го нема сретнато францускиот репрезентативец, но е подготвен на средба на која ќе си подадат рака.

„Никогаш не разговарав со Зидан од тој ден, никогаш немаме разменето ниту збор и оттогаш го немам видено во живо. Тој е легенда на фудбалската игра и многу го почитувам и како играч и како тренер. Не барам изговор, но би разговарал со него сега кога поминаа толку години. Таа епизода не требаше да се случи. Во напнатото финале во Берлин, помеѓу расправиите и навредите, Зидан ми го понуди неговиот дрес, а јас му реков дека повеќе би сакал да ја добијам неговата сестра“, вели Матераци.

- Оглас -

Најнови вести