Матета: Првпат излеговме во Европа и го освоивме трофејот!

Жан-Филип Матета беше апсолутен херој на Кристал палас откако го постигна решавачкиот гол во финалето на Лигата на конференциите против Рајо Ваљекано, со кој лондонскиот тим славеше минимална победа од 1-0.

По завршувањето на финалната пресметка, напаѓачот прв се обрати пред медиумите, видно задоволен од историскиот успех.

„Го направивме тоа! Првпат во Европа и успеавме! Сега сакам само да уживам и да прославам со тимот. Последните пет минути ми изгледаа како цел час. Лудо, неверојатно чувство!“, изјави Матета.

Тој нагласи дека тимот го дал максимумот за да стигне до трофејот.

„Навистина е неверојатно, сите дадовме сè од себе. Сега сум исцрпен, но срцето ни беше на терен и затоа победивме денес“, додаде тој.

Матета не ги заборави ниту навивачите на кои им ја посвети победата.

„Секогаш сум со овие навивачи, тие ме поддржуваат и мене и целиот тим. Ова го направивме и за нив“, истакна голгетерот на Кристал палас.

- Оглас -

Најнови вести