Матлиевски: Со поддршка на навивачите да бидеме како домаќини во Виена

Никола Матлиевски вели дека имаме одлична група на Европското првенство следната година и во конкуренција на еден од домаќините Австрија, потоа и Чешка и Украина имаме шанси да ја минеме фазата по групи.

„Со сите три селекции можеме да се надигруваме и ждрепката е одлична за нас. Секако ќе атакуваме на првото место, за да пренесеме повеќе бодови во следната фаза“, изјави Матлиевски за „Телма“.

Асистентот на селекторот Данило Брестовац, очекува и голема поддршка од нашите навивачи за натпреварите во Виена.

„Очекувам повторно голем број наши навивачи да дојдат во Виена и да не бодрат. Да се чуствуваме како домаќини, во амбиент што често нашите симпатизери знаат да го направат“, додаде Матлиевски.

 

- Оглас -

Најнови вести