Мацари: Не размислувам за оставка

Тренерот на Наполи, Валтер Мацари, нема намера да си поднесе оставка иако италијанскиот шампион реди порази во Серија А. Последниот се случи вчера кога Торино славеше со 3:0.

„Не размислувам за оставка. Сите ме сакаат тука, а Неапол го сметам за мој дом. Не успеав да ги свртам работите во наша полза и се чувствувам лошо бидејќи работите не одат според очекувањата“, изјави Мацари по новиот пораз на Наполи.

Наполи уште сега ги загуби шансите за одбрана на титулата бидејќи заостанува дури 20 бода зад лидерот на табелата Интер и по 19 кола има дури седум порази.

Мацари на клупата на Наполи седна на 14 ноември заминувајќи го Руди Гарсија кој доби отказ, но во седумте меча во Серија А оствари само две победи и дури четири порази поради што италијанските медиуми пишуваат дека наскоро може да добие отказ.

- Оглас -

Најнови вести