Мацари пред дербито со Јуве: Не би потпишал реми, одиме на трите бода

Тренерот на Торино, Валтер Мацари, во пресрет на вечерашното градско дерби против Јувентус вели дека иако гостуваат и „старата дама“ е фаворит на хартија во очите на јавноста, тој не би потпишал однапред средбата да заврши нерешено. Мацари не се задоволува само со еден, туку оди на сите три бода.

„Знаеме против кого играме, но не би се согласил однапред на резултат 0-0. Ги сакам сите три бода. Јувентус изгледа непобедливо и затоа победа против нив би била неверојатна. Верувам дека можеме да одиграме на врвно ниво. Успешно минавме неколку теста, сега е време за дипломирање, ова е нашиот главен испит“, изјави Мацари.

Кај Торино, кој брка место во еврокуповите, ќе ги нема Париџини, Џиџи, Морети и Фалке, но Мацари верува дека и без нив може да изненадат. Мацари не верува дека Јуве ќе биде релаксиран, слушнал дека во одбраната ќе бидат Кјелини и Бонучи, Роналдо сака да биде прв стрелец во лигата, но и гостите имаат еден голем мотив.

На утрешен датум се навршуваат 70 години од авионската несреќа во која загинаа фудбалерите на Торино, во сезона кога „биковите“ беа први на табелата и постхумно им беше доделена титулата.

- Оглас -

Најнови вести