Валтер Мацари ќе биде нов тренер на Наполи и откако ќе потпише договор на седум месеци за плата од 1 милион евра, од утре почнува со тренинзи со екипата, најавуваат италијанските медиуми.
Наполи беше во преговори и со Игор Тудор, но во полза на Мацари беа неговата согласност за договор само до крајот на сезонава и пријателството со претседателот Аурелио де Лаурентис.
Мацари седеше на клупата на Наполи и од 2009 до 2013 година и тоа е најдолг период во кој се задржал еден тренер во Наполи во ерата на претседателот Де Лаурентис.
Во 2012 година, Наполи со Мацари како тренер го освои Купот на Италија, а во тимот тогаш беше Горан Пандев. И сега Мацари ќе работи со македонски репрезентативец, Елиф Елмас.