Маурицио Сари: Бока јуниорс е мојот сон

Во интервју за италијанскиот весник „Ла Газета дело спорт“, тренерот Маурицио Сари откри дека сонува да раководи со аргентинскиот гигант Бока јуниорс, иако тој сон е малку веројатно остварлив.

Сари, кој е поранешен тренер на Лацио, Јувентус, Челзи и Наполи, би сакал да ја почувствува атмосферата на еден од најпознатите стадиони на светот, „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес.

„Бока јуниорс е мојот врвен сон, луд сон, не знам дали е остварлив. Неколку натпревари на ‘Бомбонера’ би биле уникатно искуство“, рече Сари.

- Оглас -

Најнови вести