Мбапе е феномен, ја заслужува Златната топка

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон, смета дека неговиот соиграч, Килијан Мбапе најмногу заслужува да ја добие Златната топка оваа година, пред сите останати конкуренти. Младата француска ѕвезда летово беше еден од главните адути на „триколорите“ во освојувањето на Светското првенство, а со импресивнa статистика помогна на ПСЖ да освои три трофеи во Франција минатата сезона.

„Мбапе е феномен. Она што го покажува на теренот со 19 години, со таков ентузијазам и константно играње на високо ниво, може да стане еден од најдобрите во историјата. Поседува огромент талент, а според тоа како играше годинава, особено на Мундијалот, заслужува да ја освои Златната топка“, истакна Буфон за француските медиуми.

Засега е неизвесно кој ќе биде добитник на најпрестижната индивидуална фудбалска награда, како главни конкуренти се истакнуваат Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах, а секако тука е и Лионел Меси, кој блеска во дресот на Барселона по стартот на оваа сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести