Мбапе игра сезона од соништата, во Париз ќе брка рекорд

Килијан Мбапе брилјираше на „Алијанц арената“ и уште еднаш покажа дека нему му припаѓа иднината на фудбалот.

Француската ѕвезда ја направи разликата за ПСЖ против Баерн и со двата гола стигна до учинок од осум погодоци во ЛШ оваа сезона во исто толку настапи, со што се израмни со Висам Бен Једер и Давид Трезеге.

Пред Мбапе, само тие двајца беа најефикасни француски играчи со по осум гола во една сезона во најелитното клупско натпреварување, а веќе за шест дена во Париз, Мбапе ќе го брка овој рекорд во реваншот против актуелниот европски првак.

Неговиот учинок во сите натпреварувања оваа сезона е 32 погодоци во 37 настапи. Дефинитивно Мбапе ја игра сезоната од соништата.

 

- Оглас -

Најнови вести